Реклама
Вирално

Во парк пронајдено безживотното тело на Човекот-кесе – бездомникот кој со години носеше облека и „кондури“ од пластични кесиња

Реклама

Тој беше најпознатиот бездомник во Белград.

Фото: М. Бељан

Неговото име беше Драган и беше бездомник во Белград.  Неговото безживотно тело беше пронајдено пред неколку дена и тоа онака како што и многумина го памтат – замотано во кеса, заради што и го викаа Човекот-кесе.

Според некои тој беше школуван уметник, додека други тврдат дека ја одбивал секоја помош што досега му била нудена. Но речиси никој не знае ништо со сигурност за него, иако скоро сите го „познаваа“, па така никој не беше сигурен и дека Драган беше неговото вистинско име.

Маркетинг

Тој со години живееше низ улиците и парковите во центарот на Белград, а животот го изгуби на 13 јануари во паркот на Топчидар.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10215949086264679&set=gm.10157248898509331

Маркетинг

 

Беше потполно мирен тип, никој се немаше пожалено на него. Неговите сандали беа направени од пластични кесиња и шушкаше додека одеше, заедно со кесињата од кои никогаш не се одвојуваше. Благодарение на фотографот Север Золак денес можеме да ви доловиме дел од светот на Човекот-кесе, во неговиот дом, кој се наоѓаше на белградскиот асфалт.

Фото: Север Золак
Фото: Север Золак
Извор: Blic.rs

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button