Во овој хороскопски знак се раѓаат најдобрите љубовнички – тие се најталентираните партнерки во спалната соба
Жените родени во овој знак можат да заведат кој и да посакаат, додека мажите се најголеми мајстори во креветот.
Во прашање се Биковите кои се познати како страсни и женствени, односно многу мажествени личности, во зависност од полот.
На жените Бикови флертувањето им е дел од секојдневието, и иако сакаат да делат комплименти тие не сакаат да ги примаат бидејќи се доволно сигурни во себе.
Нивната самодоверба им помага да го освојат секој на кој ќе му го „фрлат меракот“, додека од друга страна, невозможно е да ги освоите ако не сте им интересни.
Што се однесува до мажите родени во овој знак, тие се виртуози во креветот и знаат како да им се допаднат на жените. Важат за диви и непредвидливи во спалната соба, па со нив сигурно нема да ви биде досадно.