Реклама
Холивуд

Во овие костими за капење секоја дама изгледа совршено

Реклама

Костимите за капење на Вергара ги освоија сите модерни жени

Софија Вергара беше на годишен одмор со сопругот Џо Манганиело, а како поминаа можеме да откриеме и од фотографиите што актерката ги објави на својот профил на социјалните мрежи.  И секако дека глетките во кои убавата колумбиска актерка позира во костими за капење се меѓу најлајкуваните, а посебно фотографијата на која Софија позира во бели бикини и бел топ од тантела.

Маркетинг

Фотографијата е направена на јахта во близина на италијанскиот град Равела, а Вергара во ова пикантно издание ги воодушеви своите обожаватели кои и напишаа бројни пофалби и комплименти.

Маркетинг

„Неверојатна убавина“, „Нема поголема убавица од неа“, се само дел од коментарите што следуваа под објавата.

Нискиот долен дел го нагласи рамниот стомак на 46 годишната актерка, додека горниот е зачинет со романтична тантела дополнително ја истакна сензуалноста на преубавата Колумбијка. Затоа и не нé чуди што фотографијата само во првите 24 часа имаше преку 300.000 лајкови.

Но ова не е единственото издание со кое Софија ја крена температурата ова лето. Таа и претходно објави фотографии на кои позира во костим за капење, а онаа на која позира во едноделен модел од модната куќа Долче и Габана, со тренди леопард дезен, дефинитивно стана еден од омилените на дамите за ова лето. А како што предлагаат најпознатите светски модни гуруа, кој и да го изберете од овие два модели, дефинитивно нема да погрешите.

Па, кој од овие два модела ви се допаѓа повеќе?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button