Во овие градови вирусот се шири побрзо отколку во Милано – најстрашното допрва доаѓа
Вооружените сили бараат помош од НАТО
Мадрид и Лондон се соочуваат со потешки размери на епидемијата од новиот корона вирус отколку Ломбардија во Италија, а стапката на смртноста во овие два града се зголемува двојно на секои два дена.
Но според прогнозите, Њујорк би можел да ги премине сите во црната статистика.
Ломбардија во Италија го замени Вухан во Кина како најтешко погоден регион на светот со вкупно 6820 починати, но ако веруваме во стапката на смртност, Лондон и Мадрид би можеле да бидат следните големи жаришта.
Според најновите анализи бројот на смртни случаи покажува дека во некои градови брзо ги преминува просечните вредности дури и за цели држави во кои се наоѓаат. Па така на пример во Лондон бројот на починати од новиот корона вирус се зголемува двојно на секои два часа, што е за цел ден побрзо отколку во остатокот од Велика Британија.
Во Велика Британија само во вторникот навечер починаа 87 пациенти, од кои 21 само во Лондон.
Бројката на смртни случаи порасна шест пати за една недела.
Ова е градот со најмногу заболени кај нас
Во Македонија Скопје има најголем број заразени со коронавирус.
Вкупниот број е 134, а зад него следи Дебар со 43, додека Куманово има 15 заразени.
Најголем раст на бројот на заболени од коронавирусот во изминатите 24 часа има во Скопје, и тоа 11 новозаболени, потоа следува Прилеп со 4, Куманово со 2.
Во Македонија засега има 219 заразен.
Meѓу заразените има и здравствени работници.
„Бројките се апсолутно точни, не може да биде поинаку. Тие бројки ги споделуваме и со официјалните претставници на Светската здравствена организација и тука простор за манипулација нема, ниту ќе има, а нема ниту од страна на ниедна земја којашто комуницира со СЗО“, изјави денес министерот Филипче.
„Во овој момент е добро што имаме линеарно зголемување на случаите, приближно ист број секој ден, а не експоненцијално. Здравствениот систем е подготвен да прифати и да третира пациенти, дури и да има ваков раст“, додаде тој.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 41 пациент. Од нив, седум се во потешка здравствена состојба, но тие се респираторно независни, не им е потребна помош од респиратор, односно интубација, механичка вентилација, додека 27 се средно тешки пациенти, и седум пациенти се со поблаги симптоми. Стабилна е и состојбата на пациентите во Штип.