Реклама
Вирално

Во ова село заради епидемијата се случи чудо – еве за што се работи

Реклама

На подрачјето „Црна Трава“ во Србија до неодамна беше вонредна состојба поради снегот, а сега поради пандемијата. Во овој планински регион, во моментов има двојно повеќе луѓе отколку во последните 30 години.

Од селото Црна Трава кое се наоѓа во јужна Србија досега само си заминуваа, а сега доаѓаат. Се вратија луѓето од поголемите градови, цели семејства со своите деца.

Маркетинг

„Нашите соселани кои живеат во Белград и Ниш веројатно го избегнуваат вирусот овде. Ние ја работиме нашата работа, секојдневно им помагаме на луѓето“, вели градоначалникот на Црната Трава Славољуб Благојевиќ.

„Избегав од Врање пред да се појави првиот заразен“, изјави за медиумите еден локален жител.

Маркетинг

„Прометот е сигурно поголем за 30%. Имаме сè, од сите производи, луѓето доаѓаат на шопинг и остануваат во своите викендички“, велат во локалната продавница.

Според официјалните податоци, има околу 30.000 луѓе кои живеат само во Белград и околината, а кои со потекло се од подрачјето „Црна Трава“, пренесува „b92.net“.

Во Македонија заврши групниот карантин за првите 160 граѓани, никој нема симптоми на корона

Владата информира дека денеска успешно завршува државниот карантин за 160 македонски граѓани, кои поминаа 14 дена во строги безбедносно-здравствени услови во хотелот „Ибис“ во Скопје (Тафталиџе) и во депандансот во Демир Капија.

Граѓаните кои успешно го завршија државниот карантин немаат симптоми на вирусот КОВИД-19 и ќе поминат уште 14 дена во домашна изолација, согласно здравствените препораки на епидемиолозите.

Волонтери ќе доставуваат храна низ Куманово

Владата го задолжи Општинскиот кризен штаб на општина Куманово да определи економски оператор/и – маркет/и од каде ќе се обезбедуваат само најнеопходните намирници, согласно приоритетните барања на граѓаните за време на забраната за движење на подрачјето на Општина Куманово, во деновите сабота и недела, соопшти техничкиот премиер, Оливер Спасовски по барањето на градоначалникот на Куманово да има маркети кои ќе испорачуваат храна за граѓаните на Куманово, за време на полицискиот час.

„За оваа цел, се задолжува Општинскиот кризен штаб на општина Куманово, во соработка со Министерството за внатрешни работи да го организира движењето на лицата волонтери што ќе ги доставуваат најнеопходните намирници до домовите на граѓаните. Се задолжуваат сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и се препорачува на приватниот сектор, за вработените лица кои работат во овие институции и фирми, а кои живеат на подрачјето на општина Куманово, да завршат со своите работни задачи и активности и да бидат ослободени за враќање во своите домови во периодот од 14.30 часот до 15.00 часот, со цел пред почетокот на забраната за движење на подрачјето на општина Куманово, односно пред 16.00 часот да можат да бидат во своите домови, објави Спасовски на Фејсбук.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button