Малото средновековно гратче Губио што се наоѓа во Умбрија, Италија, го држи Гинисовиот рекорд за најголема новогодишна елка на светот.
Губио е добро зачуван средновековен римски град и се наоѓа во централна Италија. Во него има голем избор на средновековни, готски и ренесансни споменици изградени од сив варовник и е опкружен со прекрасна природа. Надвор од градот има римски театар, а од 80-тите години на минатиот век познат е и како град во кој се наоѓа најголемата елка на светот.
Елката од 750 метри на ридот Инџино прв пат е осветлена во 1981 година и од тогаш сијаличките се палат на секој 7 декември и светат до 6 јануари. Создадени со во чест на локалниот светец заштитник на ова место.
Оваа атракција во 1991 година ја препозна и Гинисовата книга на рекорди како најголемо светско новогодишно дрвце.
Група волонтери наречени „Alberaioli“ се грижат каблите и илјадниците сијалички да работат исправно.
Тие оваа година мораа да проверат кабли со должина повеќе од 8.5 километри и повеќе од 3000 сијалички – само ѕвездата на врвот има 1350, пишува порталот „Одити Централ“.
Од 2010 година струјата за сијаличките за оваа џиновска елка ја произведуваат соларни панели.
И ние го имаме Водно, но и нашиот градоначалник Шилегов, како и сите останати пред него, кои со пари што ги даваат за балкански пејачи, би можеле Скопје за Нова година да го направат најубавиот град на светот.
Но, на кој да му текне …