Во оваа жена е вљубена цела Македонија, но само МАЛКУМИНА го знаат овој детаљ од нејзиниот живот
Беше болна, но сега сите ги инспирира со својот живот
Веќе со децении е главна на нашите мали екрани
Шармантната Лила Филиповска веќе со години е нашето најпознато лице од малите екрани, но денес малкумина се сеќаваат дека таа на почетокот од својата кариера пловеше успешно и во музичките води кога остави зад себе неколку хитови.
Исто така она што малкумина го знаат за најпознатата македонска водителка е дека таа е родена во Шведска каде и денес живее нејзината сестра. И самата Лила во оваа земја живеела се до својата 12 година, кога со родителите повторно се враќа во Македонија каде завршува основно училиште и се запишува средно медицинско, па по завршување на истото едно време ќе работи како медицинска сестра
И како што и самата многу пати има истакнато, тогаш меѓу колегите била позната и како „сестрата со карминот“, затоа што при секое влегување во сестринската соба си го поправала карминот.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа потоа ќе се запише на Филолошкиот факултет во Скопје, а паралелно ќе започне и со работа како водителка.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Покрај водителството, по некое време ќе заплови и во музичките води, а дуетот со Александар Блажевски беше вистински хит во тоа време.
Принтскрин/ Јутјуб
Емотивниот живот на Лила
Паралелно со успешната професионална кариера, Лила водеше и бурен љубовен живот, но немаше среќа со изборот на партнерите.
Принтскрин/ Јутјуб
Од првиот брак го добива синот Филип, а и вториот брак со фронтменот на „Ариа“, Орце Димитровски не траеше долго.
Но по овие бродоломи во животот, Лила целосно ќе се посвети на својата кариера и за кратко време станува една од најпознатите водителки.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа денес е и една од најпознатите Македонки на социјалните мрежи каде често објавува фотографии од кои можеме да видиме дека се уште изгледа феноменално и го живее животот со полни гради, но и дека многу сака да патува.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Најтешкиот период во животот на Лила
Таа откако неколку пати го смени презимето и остана самохрана мајка, голем стрес доживеа и по смртта на едниот родител, што остави длабока трага на нејзината душа, па сето тоа резултираше пред неколку години по рутинска контрола да ја добие и најлошата вест во животот, а тоа е страшната дијагноза – рак.
Но Лила не се откажа и се бореше како вистинска лавица, така што благодарение на нејзината силна волја сé добро заврши.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Имено, водителката успеа да ја победи болеста, а по триумфот реши да ја сподели својата приказна која резултираше со среќен крај.
Таа тоа го направи за сите што поминуваат низ истото, за да ги охрабри и да им покаже дека има надеж, а и секоја нејзина објава на социјалните мрежи по овој период од нејзиниот живот всушност претставува мотивација за многумина. Таа денес изгледа подобро и поубаво од кога било, ужива во животот и го почитува, радувајќи му се на секој нов ден и оставајќи ги лошите работи зад себе.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Колку години има Лила?
Нејзините фотографии се инспирација за сите, а многумина се прашуваат и колку години има оваа извонредна, посебна жена.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Имено, Лила Филиповска (моминско Стојановска) е родена 15 октомври 1971 година и за неколку месеци ќе наполни 53 години.
Но овој податок посебно ги воодушевува сите, затоа што оваа жена плени како со својата убавина, така и со позитивниот став кон животот, откривајќи дека и во шестата деценија од животот можат да ви се случуваат најубавите нешта.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Па, ГОЛЕМО БРАВО за оваа наша посебна дама.