Реклама
Вести

Во недела е Света Марија Магдалина: Жени, направете го ова!

Реклама

Света Марија Магдалина мироносица рамноапостолна. Родум од местото Магдала крај Генисаретското Езеро, од племето Исахарово, заради што е наречена Магдалина.

Во младоста била грешница, од што на прав пат ја извел Исус, а таа оттогаш станала негова верна ученичка. Во Светото евангелие според Марко се вели дека Исус од неа истерал седум бесови и целосно ја изцелил од болеста од која страдала: „А Исус кога воскресна во првиот ден од седмицата, ѝ се јави најпрвин на Марија Магдалина, од која беше истерал седум демони“. (Марко 16:9)

Присуствувала на поважните моменти од неговиот живот особено последните денови, присуствувала на распнувањето на Голгота и страдала заедно со мајка му Богородица. Видела и кога го положиле во гробот. По воскреснувањето Исус најпрвин ѝ се јавил нејзе. По Воскресението со Пресвета Богородица и со апостолите живеела во постојана молитва и била сведок на првите успеси на христијанското учење во Еруалим.

Маркетинг

Верна следбеничка и служителка на Господа за време на Неговиот земен живот. Стоеше под Крстот на Голгота заедно со Пресветата Богородица и тагуваше горко. По смртта на Господа трипати го посети Неговиот гроб.

Кога Господ воскресна, таа Го виде двапати: еднаш додека беше сама, а вториот пат заедно со останатите жени Мироносици. Отпатува во Рим, излезе пред кесарот Тибериј и предавајќи му црвено обоено јајце го поздрави со зборовите: „Христос воскресна!“ Тогаш пред кесарот го обвини Пилат за неправедната осуда на Господа Исуса. Кесарот го прими нејзиното обвинение и го премести Пилат од Палестина во Галија, каде овој неправеден судија го заврши животот, во царска немилост и во тешка болест.

Маркетинг

Потоа од Рим се врати во Ефес кај светиот Јован Богослов, на кого му помагаше во делото на проповедањето на Евангелието. Со огромна љубов кон воскреснатиот Господ и со голема ревност му го јавуваше Евангелието на светот, како вистински Христов апостол.

Се упокои мирно, во Ефес, и според преданието погребана е во истата пештера во која биле чудотворно успиени во стогодишен сон седумте отроци, потоа оживеани, па повторно умрени (17 август). Моштите на светата Марија Магдалина подоцна се пренесени во Цариград. Во близина на Гетсиманската градина се наоѓа прекрасен руски храм кој ѝ е посветен на оваа светителка.

Има обичај на овој празник жените да посакаат желба, да запалат свеќа и да ѝ се помолат на светителката. Во пресрет на празникот, молете се и обратете се кон Неа пред да заспиете.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button