Во негово друштво му е најубаво: Еве со кој замина на одмор Наум Петрески
Тие му се најважни во животот.
Наум ужива на одмор со најсаканите.
Пејачите на македонска фолк музика Зуица Лазова и Наум Петрески се едни од малкуте парови на македонската естрада.
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
Иако долго време живееја како сопружници, сепак официјално се венчаа пред 2 години.
Плод на нивната љубов се двете деца, синот Стефан и ќерката Македонка.
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
Наум има уште две ќерки, Анатасија и Сања.
Талентот за музика во ова семејство се пренесува од колено на колено.
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
Сите нивни наследници се одлични музичари.
Анастасија е веќе докажана пејачка кај нас, а Македонка студира на Факултетот за музичка уметност, отсек соло пеење.
ФОТО: Фејсбук
Анастасија и Сања веќе имаат свои семејства, но Стефан и Македонка и понатаму живеат со мама и тато.
Секое лето традиционално одат на заеднички, семеен одмор.
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
Оваа година изборот падна на Црна Гора.
Зуица на Фејсбук сподели фотографии и сники од нивното патување.