Вирално

Во нападите на Шри Ланка загинаа три деца на данскиот милијардер

Advertisement

Портпаролката на семејството потврди за Би-Би-Си дека три деца на Андерс Холч Повлсен, познат дански милијардер, загинаа во нападите на Шри Ланка. Тие беа заедно со нивната мајка во Шри Ланка на Велигденските празници.

Advertisement

Нивните имиња и возраст не се објавени.

Повелсон го наследил данскиот трговски ланец „Bestseller“ проценет на околу 4,5 милијарди фунти.

Тој исто така e и најголемиот акционер во познатата онлајн продавница ASOS и вториот најголем акционер во германската онлајн продавница Zalando.

Advertisement

https://www.instagram.com/p/BwXEi0yDpd1/?utm_source=ig_embed

 

46-годишниот Повлсен со шест години помладата сопруга има четири деца – Алма, Астрид, Агнес и Алфред. Алма неколку дена претходно на Инстаграм објави фотографија од двете сестри и од братот во Шри Ланка.

Според последните информации 290 лица загинаа, а над 500 беа ранети во нападите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button