Реклама
Наши ѕвезди

Во која човек да ГЛЕДА попрво: Мајката и сестрата на скопската БАРБИКА изгледаат НЕВЕРОЈАТНО

Реклама

Популарната скопјанка го покажа своето семејство. Мајка ѝ и сестра ѝ мамат воздишки кај секој што ќе ги види.

Елеонора Миљковиќ важи за една од најубавите жени во земјава.

Со голема популарност се стекна со учеството во регионалното реално шоу, „Задруга“.

Маркетинг

Се појави во шуто и веднаш ја освои публиката со својата убавина и заводливо танцување.

ФОТО: Инстаграм / Елеонора Миљковиќ

По професија е правник, па многумина не очекуваа дека девојка како неа ќе влезе во такво шоу.

Маркетинг

Но, Елеонора ја постигна зацртаната цел, ја освои публиката и повеќе никогаш не се врати меѓу тој свет.

Иако без никаков естетски зафат Елеонора изгледаше неверојатно, сепак се одлучи да направи неколку корекции.

ФОТО: Инстаграм / Елеонора Миљковиќ

Елеонора е активна на социјалните мрежи, каде секојдневно споделува фотографии и не престанува да ја интригира публиката.

Таа е сон на секој маж, но клучот од нејзиното срце го има само еден маж.

ФОТО: Инстаграм / Елеонора Миљковиќ

Неодамна Елеонора му кажа „да“ на своето долгогодишно момче Чедо.

Елеонора и Чедо направија гламурозна свадба, но сепак ги испочитуваа сите македонски обичаи.

Видеа и фотографии од свадбата споделуваше и самата таа на Инстаграм.
Младоженецот дојде со зурли и тапани по својата сакана, која не можеше да ги скрие емоциите, па заплака.

ФОТО: Инстаграм / Елеонора Миљковиќ

За оваа прилика Елеонора смени две венчаници кои одлично ја истакнуваа нејзината совршена фигура.

Со својот изглед таа сите ги остави со подзинати усти.

Иако ќе помине скоро еден месец од свадбата, импресиите не спласнуваат, а Елеонора и понатаму изненадува со нови фотографии од најважниот ден во нејзиниот живот.

ФОТО: Инстаграм / Елеонора Миљковиќ

Овој пат таа ги покажа нејзините родители и сестра ѝ.

Мајка ѝ ја гази шестата деценија од животот, но мора да се признае дека изгледа фантастично.

На нејзината линија може да позавидат и младите девојки.

ФОТО: Инстаграм / Елеонора Миљковиќ

Нема сомнеж дека Елеонора убавината ја наследила од жената која ја родила.

Дека убавината е наследна во нејзиното семејство доказ е и сестрата на Елонора, која за свадбата одбра долг, смарагдно зелен фустан која ја следи нејзината линија.

Трите Миљковиќ изгедаа како принцези.

Погледнете:

ФОТО: Инстаграм / Елеонора Миљковиќ

ФОТО: Инстаграм / Елеонора Миљковиќ

ФОТО: Инстаграм / Елеонора Миљковиќ

ФОТО: Инстаграм / Елеонора Миљковиќ

ФОТО: Инстаграм / Елеонора Миљковиќ

ФОТО: Инстаграм / Елеонора Миљковиќ

ФОТО: Инстаграм / Елеонора Миљковиќ

ФОТО: Инстаграм / Елеонора Миљковиќ

ФОТО: Инстаграм / Елеонора Миљковиќ

ФОТО: Инстаграм / Елеонора Миљковиќ

ФОТО: Инстаграм / Елеонора Миљковиќ

ФОТО: Инстаграм / Елеонора Миљковиќ

ФОТО: Инстаграм / Елеонора Миљковиќ

ФОТО: Инстаграм / Елеонора Миљковиќ

ФОТО: Инстаграм / Елеонора Миљковиќ

Поврзано

Back to top button