Во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата, од кои седум во Скопје и пет во Куманово.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус денеска до 12 часот изнесува 148 лица, од кои еден е излекуван, а двајца се починати.
Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во: Скопје (88), Дебар (40) – од кои еден починат, Куманово (осум) – од кои еден починат, Штип (седум), Кавадарци (два), Охрид (два), Гостивар (еден).
Поради собирање на податоците до 12 часот, соопштението со детален извештај ќе биде испорачано секој ден во периодот од 12 до 13 часот, стои во соопштението.
Нов симптом на коронавирусот се јавува кај помладите: Ако го забележите ова веднаш јавете се на лекар да ви направат тест
Наглото исчезнување на мирисот, познато како аносмија, се појави кај неколку помлади пациетни кои имале многу благи симптоми, а тестот им бил позитивен на коронавирус.
Аносмија е неочекувано губење на мирисот, но без затнат нос, понекогаш проследен со губење на вкусот.Француското здружение на оториноларинголози повикува да се сврти вниманието кон ова:
Постои очигледна врска меѓу аносмијата и вирусот, тврди Жан Мишел Клајн, претседател на националниот совет на оториноларинголози.
– Нема сите кои имаат КОВИД-19 да развијат аносмија, но сите изолирани се аносмичари, без локални воспаленија, а биле позитивни на коронавирус. Луѓето кои ќе го почувствуваат овој симптом, мора веднаш да се самоизолираат, рече Клајн.