Кога еднаш ќе се обидете со овој хороскопоски знак, знајте дека нема враќање. Дури и ако вашите патишта се раздвојат, личноста родена во овој знак секогаш ќе биде присутна до вас. Се работи за Рибите – без разлика дали се мажи или жени, тие се фатални.
Емоциите на Рибите се јасно видливи во нивните очи. Во еден момент на својот партнер му ја покажуваат целата своја љубов, при што тој може да се загуби во тие чувства. Рибите во своето срце носат големо знаење и ги сфаќаат своите љубови на еден сосема поинаков начин. Тие имаат способност да разбираат и без објаснувања, прифаќаат безусловнои секоја нова љубов што им се нуди им изгледа безначајно. Кога Рибите сакаат – тоа не може да биде делумно. Тие целосно го отвораат своето срце, имаат срамежлива насмевка и заводливи бакнежи. Рибите се романтични и не им е тешко да зачекорат во светот на фантазијата, кој не само што го создаваат, туку и во него живеат поголем дел од времето.
Рибите секогаш го изненадуваат својот партнер. Секој ден со нив е нова авантура, затоа што секој ден тие се поразлични од претходниот. Не се задржуваат само на приказните, па она што го наумиле да го остварат – тоа и го прават.