Во духот на Грејс Кели – погледнете го ова прекрасно „винтиџ“ издание на шпанската кралица
Таа е кралица на Шпанија, но и кралицана на добриот стил
Кралицата Летиција важи за една од најголемите модни икони во светот, а тоа ни го потврди и деновиве при посетата на еден музеј во шпанската престолнина Мадрид кога се појави заедно со својот сопруг, кралот Фелипе.
Поранешната новинарка овој пат ги шармираше сите со своето „винтиџ“ издание во холивудски стил, а во центарот на вниманието беше нејзиниот сив фустан во стилот на Грејс Кели. Во прашање е модел кој во горниот дел е со преклоп и со јака која потсетува на сако, додека во долниот завршува со здолништето во А-крој и со благи бранови на рабовите. Целото издание убавата кралица го заокружи со тенко ременче кое го носеше стилизирано според најновите трендови (според начинот на кој беше врзан на нејзината половина) и шик црни, лакирани салонки со тенки високи потпетици.