Во домот на Евгенија и Вело има место само за љубов – погледнете го нивното семејно гнездо (фото)
Нивната љубов отсекогаш привлекувала внимание
Семејниот дом на Евгенија Марковска зрачи со топлина
Поранешната манекенка Евгенија Марковска и нејзиниот сопруг, проф. д-р. Вело Марковски, живеат комфорен и модерен живот.
Нивниот дом е прилагоден на нивниот активен стил на живот, но и на потребите на нивните две мали деца.
Од фотографиите што Евгенија ги објавува на Инстаграм можеме да видиме дека станува збор за раскошен дом, а во една пригода манекенката покажа и како изгледа нејзиниот плакар.
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Од објавите исто така можеме да видиме дека во просторот доминираат светлите нијанси и дрвени детали, додека централно место, посебно во зимскиот период, претставува големиот камин.
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Голема љубов која привлекува внимание
Брачниот пар Марковски заради разликата во годините често е мета на јавноста, а Евгенија неодамна отворено зборуваше за тоа за Гламур магазин кога го изјави следново:
„За нас разликата во годините никогаш не била проблем или пречка за развојот на врската и бракот, но нашето општество едноставно е такво и не може да прифати доколку некој не се вклопува во поставените стандардите. Негативни коментари имало отсекогаш и не очекувам да престанат, но тоа едноставно не ми е важно, има многу врски и бракови кај нас и во светот со голема разлика во години кои функционираат одлично. Така што ако партнерите се почитуваат и сакаат меѓу себе ниту разликата во години, оддалеченоста, верата и сл. не се никаква пречка за нивната врска/брак да напредува“.
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Покрај оваа тема, тогаш Евгенија отворено зборуваше и за нејзиниот сопруг, кој во светот во кој се движи е мошне почитуван професор и доктор, извонреден интелектуалец, додека во приватниот живот важи за семеен човек, посветен на своите деца и сопругата.
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Ја прашавме тогаш, каков татко е доктор Вели, на што од Евгенија го добивме следниот одговор.
Тој е најдобриот татко! Сака да ги разгалува децата, но знае и да ги искара. Исто како мене и него не му пречи кога детето растура по дома, имаше период кога синот сакаше да црта по ѕидовите и тоа беше во ред, не му забрануваше. Многу е грижлив. Сака да им пее на децата. Добар пример е за нив, а синот веќе и се гледа како него па сака да го имитира и да игра игри во кои тој е професор или доктор. Чека да порасне синот уште малку за да може да го учи тенис, изјави тогаш Евгенија, а потоа додаде и каков е тој како сопруг.
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
За една врска да функционира мислам дека е најважно да си одговараат карактерите. Ја почнавме врската без никакви очекувања, но колку повеќе време поминувавме заедно станувавме се поблиски. Денес после 8 години поминати заедно и две дечиња во односот помеѓу нас не е ништо променето. Доколку имаме некој проблем секогаш со разговор го решаваме. Тој ми е најголемата поддршка, но и најголем критичар. Знае секогаш да даде комплимент, но и да биде искрен доколку нешто не му се допаѓа. Верува во мене и тоа е најважно за една врска или брак да функционира, изјави тогаш Евгенија.
Целото интервју со Евгенија прочитајте го тука...
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска