Реклама
Вирално

Во Грција како воопшто и да немало коронавирус: Плажите преполни (ВИДЕО)

Реклама

Во Грција како воопшто и да немало коронавирус.

 

Маркетинг

 

Сопствениците на организираните плажи во изминатите денови интензивно работеа на подготовките за денешното отворање, за да се запазат новите и строги правила и прописи, бидејќи во случај на прекршување, предвидени се и строги казни.

Маркетинг

На Санторини, едно од најубавите и најексклизивните грчки острови преземени се првите мерки за обезбедување летување во текот на пандемијата со коронавирус. Имено, таму се поставени првите лежалки со заштитен плексиглас од двете страни.

Секретаријатот за цивилна заштита на Грција пред три дена одлучи од сабота 16 мај, да се отворат 515-те организирани плажи во земјата, а врз основа на метеоролошките предвидувања, епидемиолошките податоци, но и препораката на надлежната комисија на епидемиолози.

Плажите во Грција ќе работат под одредени правила и прописи, меѓу кои регистрирање на бројот на посетители; 40 лица на 1.000 метри квадратни; четири метри растојание меѓу чадорите; по две лежалки на секој чадор; растојание од еден и пол метар меѓу лежалките од различни чадори.

Исто така, забранета ќе биде продажбата на алкохолни пијалици, а ќе работат по принципот take away.

Поврзано

Back to top button