Реклама
LIFESTYLEВирално

Во воените зони ширум светот, 300 бебиња умираат секој ден

Реклама

Изгладнување, болест и недостаток на хуманитарна помош убива 300 бебиња дневно во воените зони ширум светот, оваа покажува дека губитокот на децата погодени од конфликтот досега го има достигнато највисокото ниво за 30 години, предупреди светската организација Save the Children.

Авганистан, Јемен, Јужен Судан, Централна Африканска Република и Сирија беа меѓу најлошите воени области за деца во 2017 година, заклучи хуманитарната организација од анализата на податоци на ОН за петгодишен период.

Маркетинг

“Од Јемен до Сирија и Јужен Судан, децата страдаат од ужасите на вооружениот конфликт”, рече Кевин Воткинс, главен и извршен директор на Save the Children.

Маркетинг

Една петтина од деца во светот 2017 година живееја во воената зона.

Во четиригодишната војна во Јемен загинаа десетици илјади луѓе, таа  предизвика колапс на економијата и донесе милиони луѓе до работ на глад, според бројките на ООН.

Постојат деца кои може да заболат од дијареа, колера и дифтерија – болест кои се шират лесно како обична настинка, велат од Save the Children.

Пет милиони деца во Африка починаа во последните 20 години, бидејќи вооружениот конфликт го скрати пристапот до основна здравствена заштита и чиста вода, објави медицинското списание Лансет во својот последен извештај.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button