Во вакво издание ја немате видено: Исплови ж*шка фотографија од Драгана Мирковиќ. Не била секогаш смирена како денес
По 35 години откако е на сцената, конечно се појави и фотографија на која Драгана Мирковиќ е во костим за капење и која сите пријатно ги изненади
Познатата пејачка важи за дама која секогаш е пристојно облечена и досега нејзини фотографии од егзотични плажи сме гледале, но речиси никогаш не сме ја виделе како изгледа во костим за капење. Но токму една таква фотографија исплови деновиве на социјалните мрежи.
Имено, фотографијата беше објавена на еден профил на Инстаграм на кој се објавуваат ретки и стари фотографии, а конкретно оваа е од 1997 година.
На неа пејачката која ги мамеше погледите на мажите во 90-тите позира во провокативен жолт костим за капење.
Но и на оваа фотографија може да се забележи дека Драгана никогаш не ги преминува границите на пристојноста, па така во долниот дел носи марама која е во иста боја и со истиот дезен како и бикините.