Една жена на Твитер реши да го постави прашањето: „Како го закопчувате градникот?” .
Самото прашање крена прашина за која почна жолчна дискусија. Жените се поделија во два табора – сина и црвена. Едните го закопчуваат градникот од напред, а другите – од задната страна (види ги илустрациите).
Па така оваа по малку необична поделба предизвика и навреди. Некои жени отидоа толку далеку што ги навредуваа другите со тешки зборови, оние кои градникот не го облекуваат, според нив, на вистинската страна.
А која е всушност вистинската страна?
Некој мисли дека е правилно градникот да се закопча од предната страна па потоа да се сврти кон грбот. Други велат дека тоа е „начин за жените кои се слаби“ и дека единствениот правилен метод е закопчување зад грбот.
„Јас сум во шок бидејќи се повеќе и повеќе жени го вртат градникот од предната страна. Секогаш верував дека е полесно да го направам тоа на грбот”, напиша една жена. „Јас не се замарам со овие работи, бидејќи јас не носам градник”, напиша пак друга корисничка на Твитер.
https://twitter.com/nakaimosu/status/1109912604271616006
На кој начин вие го закопчувате градникот?