Реклама
Uncategorized

Војвоткатра од Сасекс за само неколку часа носеше облека за која има потрошено преку 25 илјади долари

Реклама

Изгледа беспрекорно, што е и логично кога за нејзините комбинации се троши цело богатство.

Оваа година британските даночни обврзници ќе треба да издвојуваат повеќе пари за кралскиот буџет наменет за облека и модни додатоци за членовите на кралското семејство. Но ако поранешната актерка која само што стана дел од британското кралско семејството продолжи со исто темпо да ги троши парите за облека како би ги наполнила своите плакари со скапи дизајнерски парчиња, за останатите членови меѓу кои е и Кејт Мидлтпн, нема да остане ништо.

Маркетинг

 

Откако на прославата на 100 годишнината на Кралските воздушни сили се појави во преубав „couture“ фустан со потписот на модната куќа „Dior“ за кој од кралскиот буџет се одлеаја околу 2500 долари, без да се пресметаат подеднакво скапите модни додатоци, Меган Маркл и принцот Хари тргнаа на своето прво службено патување во Ирска, а убавата војвотка повторно беше во центарот на вниманието.

Маркетинг

Сите се интересираа што ќе носи новопечената принцеза при посетата на Даблин, особено затоа што со неа патуваа дури 11 професионални стилисти, фризери и шминкери кои требаше да се грижат за нејзиниот изглед.

Откако стана дел од кралското семејство, Меган својот плакар не престанува да го полни со луксузни дизајнерски парчиња од познатите модни куќи како што се „Givenhy“, „Dior“, „Fendi“ и „Prada“. Иако буџетот за облека и модни додатоци кој што им стои на располагање на принцовите Чарлс, Вилијам и Хари, како и на Кејт Мидлтон и сега на Меган Маркл се зголеми од околу 5 на 6.5 милиони долари, токму Меган го троши „најквалитетно“ за нејзините скапи изданија.

Според Кети Никол, стручно лице за кралското семејство, Меган само откако се сврши со принцот па се до сега носеше облека вредна од околу милион долари, а како што тргнала за кратко време би можела да го истопи целиот буџет. Имено, таа само во последните 24 часа од нејзиното патување во Ирска се прошета во облека и модни додатоци во вредност од преку 25 илјади долари. Тука се пресметани прескапиот фустан од Роланд Мурет, потоа чантата од „Fendi“, накитот, црниот костум од „Givenchy“ вреден околу 2500 фунти кој го носеше со ремен од истиот бренд и чевли од „Sarah Flint“.

И секако дека тоа не беше единственото нешто што војвотката го носеше во Ирска. Еден ден претходно на Смарагдниот остров таа носеше смарагдна комбинација со потписот на гламурозниот француски бренд „Givenchy“, додека вечерта, на забавата во градината, носеше елегантен коктел фустан со потписот на Емилија Викстед, црна плико чанта повторно од „Givenchy“ и накит од „Birks“, а само за фустанот војвотката од Сасекс потроши околу 800 долари.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button