Војвотката од Сасекс објави уште една фотографија со кралското бебе – Британците воодушевени од она што го направи мама Меган
Војвотката од Сасекс и принцот Хари за прв пат станаа родители. Поранешната актерка роди син на кого му го дадоа името Арчи Харисон.
Покрај официјалната фотографија од новиот член на кралското семејство односно од кралското бебе од Сасекс, како што многумина го нарекува се додека не го доби своето име, парот на својот официјален профил на Инстаграм објави уште една симпатична фотографија. На фотографијата се гледаат стапалата на Арчи кој во рацете го држи неговата мајка, а беше објавена по поводот Денот на мајките.
https://www.instagram.com/p/BxNBHHchfUM/?utm_source=ig_embed
Денес го славиме денот на сите мајки – оние кои што беа, кои се и кои тоа ќе бидат во иднина, но и оние што ги изгубивме, а кои никогаш нема да ги заборавиме. Ова е во чест на секоја од вас. Денот на мајката денес се прославува во Америка, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Африка, Кенија, Јапонија и неколку земји во Европа. Ова е првиот Ден на мајките за војвотката од Сасекс” пишува во официјалното соопштение кое беше објавено на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/BxXS3l4pz2j/?utm_source=ig_embed
Инаку, како што наведуваат странските медиуми, некои членови од кралското семејство како принцот Чарлс и Камила, Вилијам и Кејт.. се уште не го запознале Арчи.
https://www.instagram.com/p/BxNPb_9B0fn/?utm_source=ig_embed
Причина за тоа е што Чарлс и Камила пред да се роди бебето заминаа на пат во Германија, па тие ќе се запознаат со кралското бебе штом ќе се вратат во Лондон.