Војвотката од Кембриџ се појави во прекраток фустан – цел свет шокиран од овој необичен детаљ
Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, беше во центарот на вниманието, но овој пат не во позитивна смисла на зборот.
Принцот Хари и Меган Маркл направија интимна крштевка на нивниот син, па во јавноста се појавија само неколку фотографии кои беа објавени на официјалниот Инстаграм профил на кралското семејство.
И додека Меган блескаше во својот бело-розов фустан од Диор, Кејт Мидлтон со своето издание привлече многу повеќе внимание. И тоа не во добра смисла…
Имено 37 годишната војвотка носеше свилена тоалета во валкана розова нијанса со голема панделка и црвени салонки, додека целото издание го заокружи со украс за коса кој всушност и предизвика полемика. Во прашање е своевидна мешавина од рајф и фасцинатор кој за жал не остави добар впечаток во целата модна приказна.
Шеширчето е со потписот на дизајнерката Џулијет Ботерил и во предниот дел изгледа како популарниот „рајф“ кој имитира плетенка во косата, додека од задната страна се гледа неговата вистинска форма.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Кејт?