Холивуд

Војвотката од Кембриџ реши да и одржи лекција на Меган Маркл

Advertisement

Според пишувањето во странските медиуми, Кејт Мидлтон и Меган Маркл не се во најдобри односи поради нивните сопружници, Вилијам и Хари.

Advertisement

Но од друга страна Кејт никогаш не ја иритирала британската јавност на начин на кој тоа го прави Меган. Имено, нејзините постапки секогаш се паметно осмислени и совршено одмерени, додека на Меган никако не и оди од рака да ги задоволи очекувањата на кралското семејство и јавноста.

Неодамна Меган пред камерите се појави со трогателна исповест за нејзиниот живот, па зад кулоарите во Британија кружи приказна дека Кејт се загрижила за нејзината состојба, поради што одлучила да и помогне.

Advertisement

Таа решила да и даде совет на Меган па и кажала дека секој член од семејството има лош период и дека секој од нив имал искуство со негативно пишување во медиумите. Таа како клучно и го потенцирала тоа дека најважно е човек да учи од своите грешки, но и во текот на животот да научи како достоинствено да се носи со проблемите, што Меган мора да го совлада.

Само да потсетиме, Кејт ги почитува сите традиции на кралското семејство, па своевремено го доби и прекарот „Waity Katie“ (Кејт која чека), бидејќи со години стрпливо го чекаше Вилијам да ја запроси о да основаат семејство.

Како што пишуваат британските медиуми, војвотката се уште упорно се обидува да ги спречи Хари и Меган да се отселат од велика Британија, бидејќи тоа би било лошо за слогата во кралското семејство.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button