Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, има три дечиња, но според експертите за кралското семејство голема е веројатноста Вилијам и неговата избраничка да добијат и четврто дете.
Мајката на малиот принц Џорџ (6), принцезата Шарлот (4) и принцот Луис (кој има само 15 месеци) наскоро би можела повторно да забремени. Ова за британските медиуми го објаснува Фил Дампиер, познавач на состојбите во кралското семејство. Според него, ако омилената војвотката одлучи да роди уште едно дете тоа би и овозможило да се посвети исклучиво на семејството и повеќе не би морала да се грижи за кралските должности.
„Кејт го обожава своето семејство, но воопшто не ужива во обврските што и ги наметнува кралското семејство. Мислам дека со четвртото дете конечно би го избегнала сето она што не и се допаѓа и би уживала во она што најмногу го сака“, изјави за „Сан“ овој познат британски експерт.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам неодамна го прославија шестиот роденден на синот Џорџ. Претставниците на кралското семејство не сакаа да откријат на кое место го прославија неговиот роденден, ниту сакаат да ги коментираат наводите дали Кејт планира по четврти пат да стане мајка.