Холивуд

Војвотката од Кембриџ боледува од тешка болест?

Advertisement

Во Британија многумина се загрижени за нејзиното здравје

Advertisement

И додека едни се воодушевени од тоа како изгледаше во виолетовиот капут со „А“ крој, многумина забележаа дека нивната омилена војвотка, Кејт Мидлтон, е претерано слаба. И тоа беше сосем доволно на социјалните мрежи да се поведе дискусија за причината на нејзиниот нов изглед.

Капутот што ја следеше нејзината витка линија, а потоа, во долниот дел, се шири во форма на буквата „А“, кој Кејт го носеше со црни хулахопки, дополнително ја истакна нејзината тенка фигура. Поради ваквиот изглед на социјалните мрежи почнаа да се шират претпоставки од што би можела да боледува сопругата на принцот Вилијам па олку нагло ослабнала, а досега никој не се огласи од кралската палата за да ги демантира ваквите гласини.

Advertisement

Но не треба да заборавиме дека убавата војвотка е голема љубителка на спортови, па својата витка линија ја одржува со тренинзи и различни активности.

Таа зад себе има и три деца, за кои постојано се грижи, а и за време на своите бремености изгледаше слабо, но тогаш медиумите тоа го препишуваат на стресот поради кралските должности.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button