Познат моден сајт објави листа со најголеми модни инфлуенсери за 2019, а на прво место се најде и војвотката од Сасекс.
Меган Маркл е најголемата трендсетерка за оваа година и нејзините модни комбинации во просек ја поттикнаа продажбата на сличните парчиња за околу 216 отсто, пишува во извештајот на овој портал.
Тие ги истакнаа и нејзините највлијателни модни комбинации:
„Откако на својата турнеја во Јужна Африка носеше пет различи кошула-фустани, пребарувањето на ваквите парчиња скокна за 45 отсто за месец дена“, стои во извештајот.
И додека Меган Маркл е прогласена за највлијателна модна икона на светот, нејзината јатрва Кејт Мидлтон не се најде ни меѓу 10-мидни инфлуенсери за оваа година, и покрај познатиот Кејт-ефект за кој со години се пишуваше.
Имено, во изминатиов период на првото место често се наоѓаше токму војвотката од Кембриџ, и тоа модните медиуми го нарекуваа Кејт -ефект (се што ќе носеше таа потоа се продаваше како алва).
Еве кои се останатите на оваа листа:
Меган Маркл, 2. Тимоти Шаламе. 3. Зендаја. 4 Били Ајлиш 5. Карди Би 6. Лиса (од бендот Blackpink), 7. Кајли Џенер, 8 Лизо 9. Хери Стајлс, 10 Били Портер.