Реклама
Холивуд

Војвотката Кејт Мидлтон и шпанската кралица Летиција во потполно идентични деловни изданија – која ви изгледа поубаво?

Реклама

Две дами со беспрекорен стил

Војвотката од Кембриџ и шпанската кралица важат за дами со најдобар моден стил од кралскиот двор.

Маркетинг

Тие се едни од омилените икони на денешницата, а нивниот безгрешен моден вкус е инспирација на многу жени.

Токму затоа и секое нивно издание кога ќе се појават во јавност привлекува внимание, а така беше и овој пат. Војвотката од Кембриџ го посети центарот за развој на младите луѓе во Лондон за да ја поддржи новата иницијатива која што пружа помош на младите мајки.

Маркетинг

Центарот оваа иницијатива ја започна во соработка со лондонската детска болница, која веќе некое време работи под покровителство на омилената британска војвотка.
За оваа официјална пригода Кејт носеше едноставно и елегантно деловно издание, а љубителите на модата забележаа дека во многу слична комбинација веќе неколку пати можевме да ја видиме и шпанската кралица Летиција која воедно и е и една од најголемите конкуренции.

Кралицата Летиција на велигденската миса во 2018 година стигна во „килоти“ панталони, украсени со копчиња на бочната страна, со темно сина блуза со долги ракави и бели точки, и темно сини високи потпетици од превртена кожа. Таа истото издание го носеше и во април оваа година за време на посетата на шпанската новинска агенција ЕФЕ.

За разлика од неа, Кејт својата темносина блуска со точки ја носеше со црни килоти и црни салонки.

Па, која од овие две дами ви се допаѓа повеќе во ова издание?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button