Реклама
Холивуд

Војвотката во ова издание не потсети на легендарната Џеки Кенеди, и тоа од времето кога беше бремена

Реклама

Најпопуларната бремена жена во светот најчесто игра на сигурна карта кога станува збор за модата

Принцот Хари наскоро ќе стане татко, а неговата роднина Зара Тиндал, покажа колку верува во неговите родителски способности така што му довери да биде кум на нејзината деветгодишна ќерка Лени.

Маркетинг

Принцот и неговата сопруга Меган Маркл се појавија заедно на кршетвката во црквата Св. Никола во Глостершир. Меган која треба да се породи во април, носеше широк капут за да го покрие големиот труднички стомак. Во комбинација со капутот носеше црна баретка и чанта со која веќе неколку пати ја имаме видено, а е со потписот на Викторија Бекам.

https://www.instagram.com/p/BvIF9znFwwf/?utm_source=ig_embed

Маркетинг

Капутот што го носи војвотката е во светкава бургунди нијанса и многу потсетува на моделот што го носеше Џеки Кенеди за време на претседателската кампања на својот сопруг, кога и таа самата беше во блажена состојба.

https://www.instagram.com/p/BvJzJWwA0-N/?utm_source=ig_embed

 

Но тоа што овој капут е потполно идентичен со оној на Џеки не треба да не изненадува бидејќи во прашање е модел од Диор од педесеттите години на минатиот век кој војвотката го купи од луксузната продавница за стара облека „Вилијам Винтиџ“ која многу често ја посетува и Амал Клуни.

Инаку, ова не е прв пат бремената војвотка да позајми веќе проверено издание, а најчест избор и се принцезата Дајана, но и јатрвата Кејт Мидлтон.

Поврзано

Back to top button