Вознемирувачка содржина: Oбјавено е видео од претепувањето на пејачката Алдина Бајиќ ВИДЕО
Пред неколку дена во Босна и Херцеговина се случи хорор кога познатиот музичар Адис Цигура ја претепа својата сопруга пејачката Алдина Бајиќ.
Како што пишуваат тамошните медиуми, извесно време се шушкало дека нешто не е во ред во тој брак, а потоа почнале и откажувањата на настапите. Сопственик на клуб во Германија добил порака од братот на Адис Цигурa дека настапот се одложува бидејќи Алдина не е добро, а Адис е во затвор во Зеница.
На снимката се гледа како Алдина седи на каучот во дневната соба, а нејзиниот сопруг клечи до неа. Во еден момент Алдина му го дава телефонот на Адис, а тој почнува силно да ја удира со тупаници по главата, соборувајќи ја на подот, а потоа почнува да ја клоца во главата. После тоа ја фаќа за коса и ја влече по подот.
„Нај портал“ наведува дека Алдина Бајиќ 24 часа е под лекарска грижа и под силни лекови, а се наведува и дека по бруталното претепување пејачката била во несвест повеќе од два часа.
Адис, како што е наведено, има наредба за затворање за неговата се уште легална сопруга Алдина Бајиќ.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА.