Возачи, ве молиме бидете внимателни – сезона е на малите ежови, често ги среќаваме на улиците, внимавајте како возите (видео)
Да внимаваме и да го избегнеме непотребното страдање на овие мали, мили и безопасни животинки.
Секоја година во овој период и во Македонија на улиците се појавуваат ежoви, па затоа љубителите на животните апелираат да бидете дополнително внимателни. За да го избегнеме непотребното страдање на овие невини и мили животинки треба да бидеме внимателни, особено во периодот кога се стемнува и ноќно време. Нив често можеме да ги сретнеме во близина на населбите, градските паркови и градини. Активни се ноќно време, а преку ден времето го поминуваат во своите гнезда од трева и листови.
Најголем проблем за нив преставуваат бројните улици и патишта на кои секоја година страдаат голем број ежови, особено во период на парење и кога малите ежови ќе пораснат и го започнуваат својот самостоен живот во природата. Во Македонија како и во цела Југоисточна Европа се среќава само еден вид еж (Erinaceus europeus) кој со Претседателскиот декрет 67/1981 е прогласен за заштитен вид.
Најчеста причина за нивната смрт се несовесните и невнимателните возачи, затоа бидете крајно внимателни како возите. Ежовите се мали, слатки и безопасни животни, но воедно и многу корисни. Не ослободуваат од полжави, змиски јајца, мали отровници и инсекти кои се штетни за растенијата како во парковите така и во градините.