Реклама
Вирално

Возачите кои ќе тргнат на пат кон ЕУ земјите, да внимаваат на ова: Во спротивно ги чекаат солени казни

Реклама

Од оваа летна сезона, можно е, доколку направите сообраќаен прекршок на територијата на ЕУ, а тој е документиран, на домашна адреса да добиете многу непријатно изненадување во вид на налог за уплата на казна која може да се движи од 100 до 1.500 евра.

ФОТО: Printscreen youtube

Доколку не ја платите казната на време, ви следува забрана за влез во ЕУ која тешко и долготрајно се укинува.

За еден од најчестите прекршоци, пречекорување на брзината, возачите би можеле да помислат дека, бидејќи се од друга земја, која пак не е дел од ЕУ, нема да одговараат.

Маркетинг

Меѓутоа, случајот на еден возач од Србија, што му се случил во Словенија тоа го демантира.

Имено, возачот кој за околу 15 км/час ја пречекорил брзината, на неговата белградска адреса околу половина година подоцна му пристигнала казна за тој прекршок во износ од 250 евра.

Маркетинг

„Доколку на домашна адреса ви стигне казна, немојте лабаво да ја сфатите, консултирајте се со адвокат и видете кои се вашите права зошто во спротивно може скапо да ве чини“, рече Дамир Окановиќ од Комитетот за безбедност во сообраќајот.

Секој возач со таблички кои не се од земјите од ЕУ и не одговорил на налогот или казната, има проблем ако е снимен со камера, зошто дури и малите општини од некои од земјите членки на ЕУ може против него да поднесе пријава во единственото тело на ЕУ и да побара санкции.

Ако тоа се случи, сопственикот на автомобилот на првиот граничен премин ќе дознае дека влезот му е забранет, а симнувањето од оваа листа може да трае со години.

„Доколку во странство земете рентакар возило мора да бидете свесни дека ако направите прекршок со тоа возило, може да одговарате не само пред судот на таа држава туку може и рентакар компанијата да ве тужи за надомест на штета која сте ја предизвикале со тоа возило, вели Окановиќ.

Бидејќи голем број српски туристи па и македонски одат на летување во Грција со сопствен превоз, на нив се применуваа прописите на ЕУ кога се во прашање сообраќајните прекршоци.

Инаку МНР на Грција на својата веб-страница објави ажурирани податоци за начинот на отворање на граничните премини на Грција и можностите за влез на странци во земјата во следниот период.

Имено, согласно новите одлуки на Владата на Грција и соодветните здравствени протоколи на надлежните институции, МНР на Грција го објави следниот режим за патување на странски и грчки државјани:

Од 15 јуни до 30 јуни:

Режимот на патување е усогласен со комуникацијата/насоките на ЕК во врска со забраната за несуштинско патување од земји што не се членки на ЕУ + Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн и Исланд (ЕУ+).

Дозволени се меѓународни летови до аеродромите во Атина и Солун (продолжена е забраната за летови од Велика Британија и Турција).

1а) Пристигнувања на аеродромот во Атина: Ако патниците потекнуваат од аеродром ЕУ+ на списокот со засегнати држави на ЕАСА https://www.easa.europa.eu/SD-2020-01/Airports#group-easa-downloads или од Италија, Шпанија, Холандија, Шведска, Албанија и Северна Македонија, тогаш ќе бидат тестирани по пристигнувањето. Задолжително е ноќевање во хотел или хотел/резиденција по избор (во Атина). Ако тестот е негативен, тогаш посетителот е слободен да продолжи до крајната дестинација. Доколку тестот е позитивен, посетителот се става под карантин под надзор во траење од 14 дена.

Ако патувањето потекнува од други аеродроми, тогаш патниците при пристигнувањето подлежат на тест по случаен избор. После тестирањето, посетителот е слободен да продолжи до крајната дестинација. Доколку тестот е позитивен, посетителот е ставен под карантин под надзор 14 дена.

1б) Пристигнувања до аеродромот во Солун: Сите посетители ќе бидат тестирани по пристигнувањето. Задолжително е ноќевање во назначен хотел или хотел / резиденција по избор (во Солун).

2. Пристигнување по копнен пат

Копнената граница со Турција, Албанија и Северна Македонија е отворена само за транспорт на стоки.

Исклучоци се лицата кои имаат регулиран престој во Грција, лица кои патуваат поради апсолутно неодложни деловни причини (со приложување соодветни документи како доказ), дипломати, итни хуманитарни патувања поради лекување, медицински персонал, возачи на камиони за транспорт на стоки и сл.

 

По 1. јули дозволени се пристигнувања на копнените граници од Албанија, Северна Македонија и Бугарија. Проценка во однос на Турција до 30 јуни.

Сите посетители од воздух, копно или море, по пристигнувањето, ќе бидат подложени на тестирање по случаен избор. Откако ќе се тестира, патникот е слободен да продолжи до крајната дестинација. Во случај на позитивен резултат, ќе биде контактиран и ставен на 14-дневен карантин, а трошоците ги покрива грчката држава.

Се наведува дека врз основа на проценка ќе бидат признавани и резултати од молекуларен тест (направен во последните 72 часа пред патувањето)

На сите посетители им се препорачува да ја преземат апликацијата Visit Greece app (GDPR compliant) бесплатно пред или по пристигнувањето во Грција.

Посетителите треба да пополнат (препорачливо пред патувањето) формулар за „фактор за лоцирање на патници” (Passenger Locator Factor form (PLF) со нивните детали за контакт во Грција. Овој формулар може да се најде и во апликацијата Visit Greece, како и во хартиена форма за време на летот.

Повеќе детали се содржат на следниот линк.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button