Водителот Зоран Пејиќ Пеја во 2017 година на Ибица го кажа судбоносното ДА, по втор пат и тоa на 25 години помладата Драгана Пејиќ.
фото инстаграм/Зоран Пејиќ
И покрај разликата во годините Пеја и Драгана важеа за хармоничен пар кој ужива во љубовта.
Пеја не криеше дека сака да има дете со Драгана.
фото архива
– Би сакал да имам бебе. Најголемата среќа и најголемиот успех во животот се децата. Ги израдував моите родители, затоа што станав маж, не станав измамник и развратник. И јас би бил среќен кога моите деца во иднина би биле чесни и добри луѓе. Тоа е успех – изјави во една прилика водителот.
фото инстаграм/Зоран Пејиќ
Но за жал водителот, ја шокираше јавноста кога објави дека повеќе не се заедно со убавата црнокоса.
фото инстаграм/Зоран Пејиќ
Тој откри дека пред четири месеци се развел од сопругата Драгана со која неколку години беше во хармоничен брак.
За да не предизвика бура во јавноста Пеја се огласи на својот Инстаграм профил и на сите им порача дека тој и Драгана и по разводот останале во добри односи.
фото Фејсбук/Зоран Пејиќ
– Еве го официјалното соопштение од моја страна, драги мои колеги новинари, бевте трпеливи. Сакам да ве информирам дека јас и Драгана не живееме заедно четири месеци, раскинавме – напиша Пеја.
Водителот истакна дека се разделиле како вистински пријатели и другари на кафе и дека и се во добри односи.
фото инстаграм/Зоран Пејиќ
– Се разделивме на кафе, седнавме наутро и секој си продолжи со својот живот. Не ми пречи вака јавно да кажам, но не и да му објаснувам на секого поединечно. Нема валкан веш, ништо лошо, се разделивме како големи пријатели и другари – заклучи тој.
Инаку Пеја и Драгана важеа за многу модерен брачен пар, па тој во една прилика откри и дека пред брак ја почестил со силикони, а таа него со нови заби.
фото инстаграм/Зоран Пејиќ
– Нејзината желба беше да ми подари заби, а мојата желба е да и подарам гради. Таа ми ја исполни желбата по една година, а сега и јас ја исполнувам – изјави Пеја во емисијата „Ексклузив“ и додаде дека големината на градите ја избрал сам.
фото инстаграм/Зоран Пејиќ
– Избрав нова големина на гради. Таа избра заби, јас бирам гради.
– Знам дека тој е само мој. Импресионирана сум кога коментираат дека е убав и згоден. Горда сум на неговите години, тоа не ми пречи – изјави во една прилика Драгана.
фото инстаграм/Зоран Пејиќ
Потсетуваме, ова е втор брак на Пеја. Негова прва сопруга е пејачката Злата Петровиќ со која го има синот Јован.