Реклама
Стил

Водителката Татјана никогаш не блескала поубаво – со ова фатално издание ги воодушеви и мажите и жените

Еве зошто за ова комбинација на Татјана Стојановска уште долго време ќе се зборува

Реклама

Црвениот фустан што го носеше ги воодушеви сите

Нашата позната водителка, Татјана Стојанoвска, досега ја имаме видено во милион различни фустани, но оној што го носеше на отворањето на Охридско лето 2024 дефинитивно е една од најубавите креации во кои што сме ја виделе досега.

Нашата позната водителка тогаш се појави во фантастична тоалета со потписот на Елена Лука, една од нашите најпознати дизајнерки.

Маркетинг

Во прашање е црвена креација која како да беше специјално сошиена само за неа, а посебна приказна беше деколтето со спуштени ракави како и детаљот на половината од камења и монистри.

Маркетинг

Имено, овие неколку детали заедно со огрлицата со надалеку прочуените охридски бисери и црвениот кармин само допринесоа за оваа фантастична комбинација во стилот на холивудскиот гламур.

Креацијата со која што Татјана тогаш заблеска во сиот свој сјај на сцената ја следеше линијата на нејзиното тело и има софистициран шлиц кој во преден план ги истакна нејзините нозе.

Водителката целото издание го заокружи со бели високи потпетици и децентна шминка која исто така беше приказна за себе.

Едноставно нема некој што не ја пофали Татјана за ова издание, а во продолжение погледнете неколку црвени фустани во кои и вие би можеле да заблескате во периодот што следува.

Zara

Bershka

Mohito

Massimo Dutti

Reserved

P…S…

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button