Водителката се облече во црно од глава до пети, па замина на свадба?! ПОГЛЕДНЕТЕ го ова блескаво издание на Лила Филиповска
Прекрасно издание на нашата позната водителка…
Познатата водителка Лила Филиповска ги воодушеви сите своето модно издание со кое се појави на една свадба.
Шармантната водителка блескаше во малиот црн фустан зачинет со полупроѕирно здолниште и со отворено деколте со кое никого не остави рамнодушен.
Таа беше дотерана од глава до пети, а сите ги воодушеви и со својата преубава фризура и карминот во црвена боја.
Водителката на Инстаграм сподели дел од атмосферата на свадбата, но и како уживаше во музиката и се забавуваше.
Филиповска цело време беше весела и расположена и доминираше во малиот црн фустан кој одлично го стилизираше со останатите детали.
Како таа изгледаше во ова издание, но и неколку интересни мали црни фустани со кои би можеле и вие да заблескате на некоја свадба или свечен настан на кој треба да одите, погледнете од галеријата во продолжение…
Како да носиме црн фустан на свадба?
Инаку, кога станува збор за свадбите, постојат многу непишани правила, а едно од нив е дека не треба да изберете бела нијанса бидејќи оваа боја е резервирана за невестата. Слично правило се однесува и на црните фустани – црната боја, која се носи за време на жалост, по правило не би требало да ја изберете за радосна прилика како што се венчавките.
Но ова правило во последно време престана да важи, а во продавниците можете да пронајдете многу црни фустани кои се направени токму за оваа намена. Потрудете се само да „разбиете“ со светли модни додатоци, или во златна и сребрена нијанса која секогаш добро стои со црната боја и ќе добиете свечено издание по кое ќе се вртат сите.
Погледнете неколку инспиративни комбинации идеални за вакви пригоди, но и неколку предлози од познатите брендови…
Инспирација
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Наши предлози за вашите плакари
Hill House
Simon Miller
Anthropologie
Eloquii
Deiji Studios
M.M. LaFleur
Everlane
Lulus