Наши ѕвездиСтил

Водителката ретко ја гледаме во вакво издание – Татјана со саканиот, со овој детаљ сите ги воодушеви

Нашата позната водителка моментално со партнерот ужива во Дубровник од каде не освои со својата елегантна појава

Advertisement

И нашата позната водителка, Татјана Стојановска, реши да објави неколку фотографии од својот годишен одмор.

Но овој пат Татјана позираше на едно од најубавите места на Балканот каде замина заедно со сопругот Михаил.

Advertisement

Водителката која важи за една од омилените лица од нашите мали екрани и која за неколку месеци ќе наполни 50 години ужива во морскиот зрак и опуштените прошетки со саканиот, а тоа се познава и во нејзиниот поглед.

Инстаграм/ Татјана Стојановска

И додека нејзиниот партнер беше облечен во црвени бермуди и зелена маичка со интересен дезен, убавата Татјана блескаше во лелаевиот фустан со впечатлив цветен дезен и бели балетанки.

Advertisement

Инстаграм/ Татјана Стојановска

Потсетуваме, Татјана и Михаил минатото лето и официјално стапнаа во брак и тоа на истиот датум на кој, десет години претходно, нејзиниот партнер ја побрал за жена и тоа додека биле на одмор во Грција.

Инстаграм/ Татјана Стојановска

Тие неколку месеци по запросувањето почнале да живеат заедно, а точно по 10 години од тој момент и официјално стапија во брак.

Татјана и Михаил денес важат за еден од најсреќните и најскладните парови меѓу јавните личности кај нас, а водителката одвреме-навреме знае да сподели заеднички моменти и да ги воодушеви сите.

Инстаграм/ Татјана Стојановска

Така беше и овој пат кога познатата водителка сподели неколку фотографии од ова преубаво место, кога истовремено воодушеви и многу жени кои од прва се вљубија во нејзиниот цветен фустан.

Инстаграм/ Татјана Стојановска

Во продолжение погледнете неколку слични модели со цветен дезен во бела боја каков што носеше и нашата позната водителка.

Cupshe

Mark and Spencer

Boohoo

Asos

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button