Реклама
Стил

Водителката провокативна како никогаш досега – фустанот ПРЕТЕСЕН, со бујните облини ги воодушеви сите

Тесниот фустан со светки ги откри сите нејзини атрибути

Реклама

„Жена за пример како треба да се живее животот“

Таа е една од најдобро облечените дами на нашата јавна сцена и кога е стилот во прашање, речиси и да не греши.

Водителката Лила Филиповска е позната и по својот беспрекорен моден стил со кој отсекогаш ги воодушевувала како мажите, така и претставничките на понежниот пол и на многу од нив им е инспирација.

Маркетинг

И додека пред телевизиските камерите секогаш ја гледаме стокмена од глава до пети, на Инстаграм понекогаш можеме да ја видиме и во полежерни модни изданија кои секако се во тренд и во кои изгледа прекрасно. Впрочем така беше и сега, кога на улиците од својот град шармантната водителка се прошета во фустан кој е сјаен избор за лудите забави во овој период од годината.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Имено, Лила и во ова свое издание изгледаше неодоливо, а тесниот фустан во кој позираше ја истакна нејзината женственост.

Водителката целото издание го зачини со високи црни чизми и шик фризура, а секако тука беше и карминот во страсна црвена нијанса која е задолжителен естетски детаљ во овој период од годината.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Многумина се согласни дека Лила изгледа прекрасно и блеска со сиот свој сјај во ова свое издание, за што зборуваат и коментарите.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Имено, таа напиша „Некому инспирација, некому иритација“ во описот на фотографиите, по што следуваше бура од реакции.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

„Како и да е, жена за пример како треба да се живее животот. Само и само ПО СВОЕ, Мене си ми супер“, „Само ти знаеш со твојата убавина и стил, дури и загадениот воздух не ти може ништо“ беа само дел од коментарите што Лила ги доби за ова свое издание.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button