Водителката од утринска на „Сител“ во провокативно издание- покажа повеќе од тоа што сме навикнати да ја гледаме
Водителката од утринска во Сител, се опушти па покажа малку повеќе од вообичаено.
Елена Стојановска долги години ја гледаме на малите екрани, но најдолго се задржа во Сител телевизија, каде скоро секое утро ја води емисијата „Ја сакам Македонија“.
Елена го негува класичниот, дамски стил и многу ретко можеме да ја видиме во некакви провокативни изданија, но сега малку направи исклучок.
Убавата водителка позираше седната на фотелја во преубаво розово здолниште со висок шлиц, речиси до колкот.
Таа остави нежниот материјал да се лизне, па ги откри своите совршени нозе.
Елена е една од водителките која е секогаш средена од глава до пети и секогаш внимава на својот изглед.
Освен што неуморно работи, таа е активна и на социјалните мрежи, па често споделува со своите фанови како изгледа нејзиниот работен ден.
Водителката често споделува и фотографии од своето семејство.
Таа во интервју за Гламур кажа дека нејзиното семејство ја прави среќна и ѝ го разубавува секој ден, но и дека големо задоволство ѝ претставуваат патувањата.
„Успешно реализирана емисија е дел од професионалната радост и задоволство. Но, приватно среќна ме прави моето семејство што мислам дека е идентично за сите нас.
Многу сакам дружби со другарките и јас не кријам дека другарствата многу ги негувам. Конечно, голема среќа за мене е и кога патувам некаде, тоа ни е заедничка страст со мојата љубов“, вели водителката.
Таа е емотивно исполнета жена и за жал на многу мажи кои би сакале да е соло, таа ужива во љубовта со својот Огнен, а круната на нивната љубов е нивната ќерка Илина.