Водителката од Сител во неочекувано издание – Цаци во една од НАЈЕЛЕГАНТНИТЕ комбинации што сме ја виделе досега!
Професионална, убава и шармантна се само неколку епитети кои може за се кажат за оваа нашата ТВ презентерка.
Секогаш средена и одмерена со совршен стил кога и да се појави на малите екрани.
Славица Арсова е една од најпознатите ТВ лица која веќе долги години го води Дневникот на Сител, а од неодамна е и главен уредник на информативната редакција во Сител.
Одлична дикција, глас, став, ненаметливост, а имала и од кого да учи.
Нејзина мајка е познатата Розета Арсова која исто така е едно од најпознатите тв лица и долги години е заштитно лице на Македонска телевизија.
Славица често ја гледаме во елегантни изданија, а тоа често е кошули и сако, но неодамна додека известуваше на првиот круг од локалните избори се појави во фустан без ракави.
Во црн фустан, совршена шминка и препознатливата фризура, Цаци изгледаше беспрекорно.
Слична беше ситуацијата и во вториот круг од локалните избори, каде Цаци заедно со својот колега Иван Кузмановски известуваше за резултатите.
Овојпат таа избра широка кошула со малку необичен крој кој на неа изгледаше прекрасно, црни класични панталони и црни потпетици.
Инаку Цаци е во брак со познатиот новинар и нејзин колега Александар Спасовски-Сарма со кој има и ќерка.
Како што е познато на целата јавноста, една година пред да им се роди ќерката, Александар во живо на вестите на Сител ја побара Славица за жена, а таа секако прифати, па долго време медиумите пишуваа за овој потег на Александар.
Иако Цаци ретко зборува за својот приватен живот, во едно интервју за „Слободен печат“ таа одговарајќи на прашање за што би ги потрошила последните пари таа вели:
– Последните пари би ги потрошила на нова чантичка со детска апликација, за ќерка ми, рече Цаци.
Фото/ Принтскрин