Водителката од МТВ во издание какво ја немаме видено досега – погледнете каде ужива Тања
Македонската водителка во најсекси издание досега.
Тања ужива за сите пари.
Водителката Татјана Петровска е симбол за убавина, женственост и елеганција.
ФОТО: Инстаграм / Тања Петровска
Скоро 3 децении е дел од МТВ телевизија и нема ниту ден стаж на некое друго место.
Седум години, заедно со нејзиниот колега Орце Гелевски е водителка на емисијата „Фолк џубокс“.
Тања е една од најубавите и најзгодни водителки кај нас.
ФОТО: Инстаграм / Тања Петровска
Мора да се признае дека изгледа како времето да запрело за неа.
Максимлно внимание обрнува на физичкиот изглед, а го негува елегантниот стил на облекување.
Без оглед на приликата Тања изгледа средено од глава до пети.
ФОТО: Инстаграм / Тања Петровска
Ретко зборува за својот приватен живот, но на социјлните мрежи знае да сподели фотографии со својот сакан.
Веќе пет години е заедно со некогашниот фудбалски репрезентативец Љупчо Марковски – Калц.
За неа ова се најубавите пет години исполнети со љубов и среќа.
ФОТО: Инстаграм / Тања Петровска
Навикнати сме да ја гледаме во елегантни фустани, па фотографиите кои ги сподели на Инстаграм, направени за време на нејзиниот летен одмор годинава беа нвистина одлично освежување.
Тања уживаше на плажа облечена во лелеаво фустанче во корално црвена боја, а во преден план се нејзините вајани нозе.