Водителката од „Брза кујна“ ни покажа зошто е една од најубавите – ваква не ја знаеме, ќе се изненадите
Презгодна и преубава дама со шарм од милион долари
Познатата водителка Сања Савеска која се прослави со емисијата „Брза кујна“ во последно време е мошне активна и на Инстаграм.
Таа речиси секојдневно споделува фотографии на оваа социјална мрежа, а оние што ја следат нестрпливо ја очекуваат секоја нејзина нова објава, што може да се заклучи и од бројните коментари што ги добива.
Таа овој пат покажа едно шик летно издание позирајќи во црвен фустан со кој никого не остави рамнодушен.
Инстаграм/ Сања Савеска
Во прашање е преубав летен фустан во кој водителката изгледаше како излезена од некој романтичен холивудски филм.
Инстаграм/ Сања Савеска
Црвената боја на нејзиното убаво тело едноставно изгледаше неодоливо, а Сања ова свое страсно летно издание го „заокружи“ со темни очила за сонце, црвен маникир и кармин во истата впечатлива нијанса.
Инстаграм/ Сања Савеска
Таа позираше како вистински топ модел, а жените посебно ги воодушеви и со изборот на сандалите и чантата со слични детали.
Инстаграм/ Сања Савеска
Инстаграм/ Сања Савеска
Па, како ви се допаѓа Сања во ова страсно црвено издание?