Тања веќе 5 години е вљубена во некогашниот фудбалски репрезентативец.
Водителката Татјана Петровска е симбол за убавина, женственост и елеганција.
ФОТО: Фејсбук / Татјана Петровска
Целата своја кариера е доследна на својата матична куќа МТВ каде работи веќе 26 години и нема ниту ден стаж на некое друго место.
Седум години, заедно со нејзиниот колега Орце Гелевски е водителка на емисијата „Фолк џубокс“.
ФОТО: Фејсбук / Татјана Петровска
Емисијата ја промовира македонската изворна и фолк музика, а водителите остануваат доследни на своите правила – нема место за т.н. инстант песни со сомнителен призвук создаден под некои други влијанија, но и за вокали кои не ги задоволуваат критериумите на националниот медиум.
Тања се вбројува меѓу дамите кои стареат како виното.
ФОТО: Фејсбук / Татјана Петровска
За неа буквално времето како да запрело.
Од година во година изгледа сѐ подобро.
ФОТО: Фејсбук / Татјана Петровска
Ретко зборува јавно за својот приватен живот и секогаш се држела на страна од афери и скандали.
Активна е на социјалните мрежи, каде најчесто споделува објави поврзани со нејзината професија.
ФОТО: Фејсбук / Татјана Петровска
Но, освен професионалните објави, Тања поекогаш споделува фотографии и со нејзиниот сакан.
Веќе пет години е заедно со некогашниот фудбалски репрезентативец Љупчо Марковски – Калц.
За неа ова се најубавите пет години исполнети со љубов и среќа.