Водителката на Пинк ги симна завоите и ја покажа раката која автобус и ја откина
Водителката на телевизија Пинк, Деа Ѓурѓевиќ, успешно закрепнува по тешката сообраќајна несреќа.
Деа Ѓурѓевиќ редовно применува физикална терапија за целосно да се опорави од повредите што ги доби во сообраќајната несреќа која се случи во февруари годинава, кога автобус и ја откина раката.
Таа, по последната терапија, се сликаше без завоите на раката и прв пат по несреќата покажа како и’ изгледа раката по сообраќајката. Деа ја објавила фотографијата на Инстаграм без завојот. Изгледа пресреќна.
Фото: Истаграм
Водителката на телевизија Пинк неодамна се врати пред малите екрани и повторно е водителка на утринската програма „Ново утро“ со својот колега Предраг Сарап. „Сите се воодушевени, сите се среќни поради мене, што ми дава дополнителна мотивација“, истакна Деа.