Водителката на Канал 5 телевизија ги изненади сите со ова издание – МНОГУМИНА трлаат очи, никогаш не изгледала подобро
Нашата позната водителка Милена Антовска Станковска вчера покажа ново издание со кое никого не остави рамнодушен.
Милена овој пат пред камерите се појави во преубав фустан во есенски бои и со својот шарм предизвика лавина од реакции.
„Убавината на еден обичен ден на работа“, напиша таа под фотографиите што ги објави на социјалните мрежи.
Шармантната водителка за оваа пригода избра фустан со долги ракави и интересен дезен во кафеави и темно зелени нијанси, а целото издание дополнително го подигна со високите кафеави чизми. Фустанот беше со длабок шлиц, така што во преден план беа убавите нозе на Милена, додека суптилното деколте и убавата фризура го украсија целото издание.
Инаку, Милена неодамна крена голема прашна на социјалните мрежи и со една своја порака што ја сподели.
Имено, таа под фотографија на која носи кусо фустанче со интересен есенски дезен ги напиша следниве зборови:
„Се извинувам на сите што мислат дека е срамота мајка на две деца да носи кратка сукња“, напиша таа и предизвика лавина од реакции.
„Какво извинување бре Миленче, тоа го коментираат луѓе што немаат стил и немаат сопствен исполнет живот. Од мене ја имаш најголемата поддршка.“
„И јас сум мајка на 2 деца па си носам и кратко и тесни и си немам гајле. А на луѓето устата не можеме да им ја затвориме. Затоа уживај си во животот“, беше само еден од бројните коментари што ја поддржаа водителката.
Погледнете уште неколку интересни изданија на Милена:
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска Станковска