Водителката на „Брза кујна“ ужива со момчето на плажа – фановите ВООДУШЕВЕНИ од тоа како изгледа во ова романтично издание!
Водителката Сања Савеска ги воодушеви сите со својот фантастичен природен изглед…
Една од нашите најпознати и најомилени водителки ужива со партнерот на годишниот одмор.
Од нејзините фотографии можеме да заклучиме дека топлите летни денови ги посветила на една цел – да добие убав, чоколаден тен, а судејќи од нејзините последни објави на Инстаграм та аи ја исполни оваа цел.
Таа привлекува погледи заради својот прекрасен изглед, а овој пат ги изненади сите со фотографија на која е со момчето.
Сања ги спакува куферите и замина на долгоочекуваниот одмор пред повторно да им се врати на обврските, а со фотките што ги објави никого не остави рамнодушен.
Таа позираше во едноделен црвен модел на костим за капење, а нејзините фанови беа воодушевени што ја гледаат во едно вакво романтично издание.
Водителката ја покажа и плажата на која што ужива, а комплименти на сметка на нејзиниот изглед се уште се нижат.
Преубавата плажа со белиот песок и тиркизното море го одзема здивот, а во прашање е „Егремни бич“ во Лефкада.
Погледнете ги и останатите фотографии на Савеска…
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска