Водителката на „Брза кујна“ се појави во фaтaлно издание – и пристојно и пpoвокативно во исто време, гледачите воодушевени!
Нашата позната водителка блескаше во малиот црн фустан со кој никого не остави рамнодушен.
Водителката Сања Савеска на снимањето на една од последните емисии на „Брза кујна“ се појави во црно од глава до пети и изгледаше како милион долари.
Шармантната водителка на сојот Инстаграм објави видео од снимањето, а посебно внимание привлече со нејзиниот фустан.
Таа за оваа пригода избра мал црн фустан со краток крој и долги ракави, а целото издание го „зачини“ со преубава фризура.
Во преден план беа нејзините убаво нозе, кои дополнително ги „истенчи“ со елегантните црни високи потпетици.
Што се однесува до фустанот, во прашање е модел кој изгледа како да носи сако во комбинација со кусо здолниште, а како изгледаше и зошто сите беа воодушевени од ова нејзино издание погледнете во продолжение:
Инаку, малите црни фустани се моден класик со кој во секоја пригода елегантниот изглед ви е загарантиран.
Без разлика за каква свеченост се работи, доколку не сте сигурни што да облечете, тогаш изберете еден ваков фустан.
Со него дефинитивно нема да згрешите и најлесно и најбрзо ќе добиете елегантен, отмен и атрактивен изглед.
Сања носеше модел со долги ракави и суптилно деколте, додека косата со нежните локни ја пушти да и паѓа преку рамениците.
Едноставно, елегантно и неодоливо, нели?