Реклама
Наши ѕвезди

Водителката на „Брза кујна“ објави тажна порака од починатиот актер: „Не вредиш ако немаш пари…“

„Денес не вредиш ако немаш пари. Денес сите ти ја вртат главата ако од тебе немаат корист. Денес многумина ја менуваат љубовта за пари.

Реклама

Познатата водителка искрено за некои работи што не и се допаѓаат, а со кои сме опружени сите во последно време

Нашата позната водителка Сања Севаска не крие дека се противи на некои од денешните трендови.

Еден од нив е и оној заради кој жената денес „мора“ на секоја своја фотографија да изгледа беспрекорно, да избере некоја посебна локација, да носи совршена комбинација за да го задоволи денешните критериуми поврзан со изгледот на жените, иако сето тоа нема никаква вредност, ниту пак поткрепа во реалноста.

Маркетинг

И покрај тоа што е свесна за негативниот ефект на овие трендови, и таа исто така често објавува фотографии, но затоа овој пат реши и да ги надополни со нешто полезно, нешто што нема да остави само блиц ефект, туку ќе не натера и малку да се подзамислиме.

Маркетинг

Нејзините фотографии значително се разликуваат од оние на некои нејзини колешки, а не ретко знае да сподели и по некој интересна мисла со која ќе ги воодушеви своите бројни обожаватели.

Впрочем така беше и овој пат кога водителката на Браза кујна сподели фотка на која позирше во интересно издание, но многу повеќе внимнание привлече со пораката што ја остави во описот на објавата, а во која цитираше и мисла од познатиот српски актер Жарко Лаушевиќ кој почина пред два дена, по тешка и кратка болест.

Еве што напиша таа под фотографијата на која позираше во преубаво есенско издание и тоа на едно необично место на кое со своето присуство му даде посебен шмек, па објавата изгледаше како оние од модните едиторијали на најпознатите светки магазини.

Еве што напиша таа:

„Дали кога се фотографирате барате совршена позадина, локација, комбинација? Колку се трудите да ги импресионирате луѓето кои воопшто и не ги познавате? Мора ли секоја објава да ви биде од фенси ресторан, некоја метропола….?

Ве фрустрираат ли совршените слики и животи на социјалните мрежи ? ( Не треба, бидејќи 99% се лажни)

Дали на сликите сте вие или онаа личност која би сакале да бидете???

Ретко филозофирам и пишувам објави подолги од што треба, порано го правев тоа многу почесто, но одамна сфатив дека никој не ја цени искреноста и скромноста на една личност, или пак за тоа зборуваат откако таа личност ќе замине засекогаш.

Но денес ме поттикна токму заминувањето на една таква личност да се потсетам на вистинските вредности.

Тој кажа а ја само го потврдувам јадот и мизеријата во кои живееме:

‘Денес не вредиш ако немаш ПАРИ. Денес сите ти ја вртат главата ако од тебе немаат КОРИСТ. Денес многумина ја менуваат љубовта за ПАРИ. Денес си јаден и смешен ако си добар.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

‘Денес си ГЛУП и НАИВЕН ако си искрен. Денес не вреди ако си ЧОВЕК. Затоа што денес најдобро поминуваат СКОТОВИТЕ , додека добрите страдаат”! – Жарко Лаушевиќ’“ објави Сања на својот Инстаграм по смртта на познатиот српски актер.

Фото: Инстаграм/ Сања Савеска

Фото: Инстаграм/ Сања Савеска

Фото: Инстаграм/ Сања Савеска

Фото: Инстаграм/ Сања Савеска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button