Реклама
Наши ѕвезди

Водителката Миа Костова се фотографираше ЦЕЛОСНО ГОЛА и ги покажа силиконите – Инстаграм ја предупреди да ја избрише фотографијата

Реклама

Македонската водителка Миа Костова секогаш знае како да испровоцира и да привлече внимание.

ФОТО: Миа Костова/Инстаграм

Миа ја гледавме долго години како водител на естрадниот магазин „Бекстејџ“, но веќе некое време стагнира со водителството. Сега е инфлуенсер и е доста активна на социјалните мрежи, а како што и самата вели од тоа има добра заработка.
„Колку и да изгледа лесно и симпатично, ако веќе навистина имаш инфлуенс врз луѓето тогаш значи многу работа, посветеност, внимавање и активност константна. Иако сеуште во Македонија не сме до ниво кое го добиваат инфлуенсерите низ Европа па и Белград и Загреб, сепак се трудиме. Некои повеќе некои помалку, секој со својот стил и начин.
Инспирација наоѓам во среќата на Андрија, во тоа дека сум хедонист по природа иако не сум нескромна. Испирација ми е секој успех на инста и вртоглава бројка на продадени производи кои сум ги објавила“, изјави миа во интервју за „Гламур“.

ФОТО: Миа Костова/Инстаграм

Таа е првата македонка која се сликаше гола за македонското издание на „Плејбој“.
Миа е една од ретките кај нас, која нема проблем да каже дека има силикони или дека го затегнува лицето со филери.
Јавно се пофали дека ставила импланти во градите и дека едвај чека да облече маичка без градник и да ги прошета новите гради. За разлика од повеќето жени кои го кријат ова, Миа објави фотографија на својот инстаграм-профил и му се заблагодари на пластичниот хирург кој, според неа, ѝ помогнал да си го исполни сонот.
„Дека секогаш може подобро, ете затоа решив дека е вистинско време и за ова. Со ‘Систина’ ме врзуваат само убави работи и сакам секогаш да остане така. Еднаш ми го дадоа Андрија, денес ќе си ги памтам по самодоверба во форма на гради. Инаку, не може подобро ако веќе се одлучите за пластичен хирург. Наша среќа е што го имаме тука д-р. Амадеј и неговите магични раце. 8 часа по операција сум сосем добро. Стомачни ви ветив и исполнив. Еве ветувам и гради многу скоро во маица без прслук, сон на секоја жена“, напиша Миа покрај фотографијата.

Маркетинг
ФОТО: Миа Костова/Инстаграм

Деновиве таа изненади со фотографија на која позираше целосно гола, покажуваји ги своите тетоважи. Нејзините гради секако беа во прв план.
„Уметност која ги премина нашите граници одамна. Не е нешто за кое треба да се сложиме, едноставно е така. Една и единствена рака во светот. Нескромно знам…нагласи водителката која не ја крие сопствената воодушевеност.

Маркетинг

 

Додека едни ѝ се воодушевуваат на храброста и прекрасното тело на кое секој може да ѝ позавиди, други одат дотаму што дури го пријавуваат нејзиниот профил.
Во текот на вчерашниот ден, Костова сподели со своите следбеници колку многу се зголемени импресиите на нејзиниот профил, откако ја објавила оваа фотографија.
Но, денеска ситуацијата сосема се промени. Миа ја избриша фотографијата, со цел да го заштити својот Инстаграм профил кој брои речиси 37.000 следбеници, откако многу корисници го пријавиле нејзиниот профил.
„Со оглед на константните пријави на профилот и сликата, во надеж дека нема да го снема профилов, морав да избришам стори каде што се појавува истата и секако да ја избришам сликата. Ви благодарам“, напиша Миа на Инстаграм-стори.

 

Миа е една од најкронотроверзните личности на нашата сцена, па и нејзиниот љубовен живот секогаш привлекува внимание.
Јавно призна дека е бисексуалец, а некои нејзини врски беа добро познати на јавноста.
„Да, љубев жена, тоа е вистината, Претходно сакав мажи, но јас не се водам според тоа дали треба да љубам некој што е маж или жена, туку според тоа дали е човек“, објасни Миа за „Бекстејџ“.

ФОТО: Миа Костова/Инстаграм

„Во целата таа приказна, татко ми беше фрапиран, а мајка ми ми кажа една реченица која им ја посветувам на сите родители чии деца се во иста ситуација… имаш две опции, да го прифатиш или да го изгубиш детето. Верувам дека ова второво на никој родител не му одговара“- откри водителката.

ФОТО: Миа Костова/Инстаграм

На социјалните мрежи пред неколку години со своите фанови сподели дека е верена со човек со исто презиме како нејзиното, Миленко Костов.

На Инстаграм сподели и фотографија од вереничкиот прстен. Според информациите Миленко е доктор, а во описот на Миа стои – Едно јаболко на ден, те чува подалеку од докторот.. или чекај.. упс!

Но, се чини дека на таа љубовна приказна ѝ дојде крајот, а Миа по се изгледа има нова љубов.
За младата Тијана Скулиќ, која сите ја гледаме на фотографии и видеа на нејзините социјални мрежи Миа вели:
„Многу време поминуваме заедно, ми стана преблизок пријател за многу кратко време и покрај тоа што е релативно многу млада. После една сериозна емотивна агонија од пет години, ми покажа дека има и друга страна целата приказна. Можам да кажам дека е човек кој ме крена од мртвите. Во момент кога се појави Тијана ми даде една друга слика на целата приказна, не емотивна, но слика која направи да видам која сум јас. Тијана само ми го покажа патот кој сум знаела дека го имам за себе и мислам дека ѝ должам живот. Таа ми е буквално „Life changer“ и покрај тоа што е многу многу помала од мене“, изјави Миа за „Женски магазин“.

ФОТО: Миа Костова/Инстаграм

Инаку, Миа е самохрана мајка на малиот Андрија.
Андрија има скоро 8 години, а водителката за него вели дека е најубавото нешто што ѝ се случило во животот.
Таа смета дека не треба да се исполнуваат желбите на општеството и дека една жена и тоа како може сама да се грижи за своето дете. Секако, со потешкотии, но може.

ФОТО: Миа Костова/Инстаграм

Таа вели дека подобро е детето да расте со еден родител, отколку во дисфункционално семејство. Додава дека Андрија е навистина воспитано дете, а помош околу неговото воспитување добива и од нејзините родители.

ФОТО: Миа Костова/Инстаграм

Водителката јавно зборуваше и за битката со коронавирусот. Таа во интервју за „Гламур“ откри како се чувствувала:
„Ништо посебно. Чувството не е пријатно, но знаев дека ќе го поминам и дека нема да имам силни симптоми, сепак сум млада и барем до сега здрава. Не бев во некоја паника а и не се чувствував многу лошо за да се плашам.
Во ниту еден момент не стравував дека овој виру може да биде кобен за мене.
Два дена нелагодност како болки во тело и максимална температура од 37.5, губење на чувство за мирис и вкус речиси 10 дена, и изнемоштеност и умор што трае можеби еден месец“, кажа Миа.

ФОТО: Миа Костова/Инстаграм

 

ФОТО: Миа Костова/Инстаграм

 

ФОТО: Миа Костова/Инстаграм

 

ФОТО: Миа Костова/Инстаграм

 

ФОТО: Миа Костова/Инстаграм
ФОТО: Миа Костова/Инстаграм

Поврзано

препорака
Close
Back to top button