Реклама
Наши ѕвезди

Водителката Миа Костова отворено за нејзината ЉУБОВ кон Тијана: „Таа ме држи жива што и да се случи“

Реклама

Со секоја своја појава и објава македонската водителка и инфлуенсерка Миа Костова привлекува внимание.

ФОТО: Миа Костова / Инстаграм

Миа ја започна својата кариера уште како тинејерка, а беше дел од многу ТВ проекти во земјава.
Последно на што работеше беше естрадниот магазин „Бекстејџ“. Миа долги години беше дел од оваа емисија, но потоа одлучи да се повлече од ТВ екраните и да се посвети на друга професија.
Одреден период водителството е не пауза, а Миа започна да заработува преку социјалните мрежи.

ФОТО: Миа Костова / Инстаграм

„Колку и да изгледа лесно и симпатично, ако веќе навистина имаш инфлуенс врз луѓето тогаш значи многу работа, посветеност, внимавање и активност константна. Иако сеуште во Македонија не сме до ниво кое го добиваат инфлуенсерите низ Европа па и Белград и Загреб, сепак се трудиме. Некои повеќе некои помалку, секој со својот стил и начин.
Инспирација наоѓам во среќата на Андрија, во тоа дека сум хедонист по природа иако не сум нескромна. Испирација ми е секој успех на инста и вртоглава бројка на продадени производи кои сум ги објавила“, изјави Mиа во интервју за „Гламур“.

Маркетинг
ФОТО: Миа Костова / Инстаграм

Изминатиот период таа предизвика бура реакции со својата фотографија на Инстаграм на која позираше гола.Поентата на фотографијата беше да се покажат сите тетоважи кои ги има водителката, но секако нејзините силикони беа во прв план.
„Уметност која ги премина нашите граници одамна. Не е нешто за кое треба да се сложиме, едноставно е така. Една и единствена рака во светот. Нескромно знам…“, нагласи водителката која не ја крие сопствената воодушевеност.


Додека едни ѝ завидуваа на храброста да го покаже своето тело, други веројатно од завис почнаа да го пријавуваат нејзиниот профил.
Миа ја избриша фотографијата, со цел да го заштити својот Инстаграм профил кој брои речиси 37.000 следбеници, откако многу корисници го пријавиле нејзиниот профил. По овој потег таа сними и видео, поради кое предизвика бура на социјалните мрежи. Поради неа „гореше“ Твитер, но за водителката тоа беше уште еден начин на промоција. Иако најави тужба за сите навреди кои ги добила, сепак на крајот таа се извини.

Маркетинг

„Со оглед на константните пријави на профилот и сликата, во надеж дека нема да го снема профилов, морав да избришам стори каде што се појавува истата и секако да ја избришам сликата. Ви благодарам“, напиша Миа на Инстаграм-стори.

Костова важи за жена без влакна на јазикот, искрена и секогаш отворена. Таа никогаш досега не ја криела својата ексуалност.
Јавно призна дека е бисексуалец, а некои нејзини врски беа добро познати на јавноста.
„Да, љубев жена, тоа е вистината, Претходно сакав мажи, но јас не се водам според тоа дали треба да љубам некој што е маж или жена, туку според тоа дали е човек“, објасни Миа за „Бекстејџ“.

ФОТО: Миа Костова / Инстаграм

На социјалните мрежи пред неколку години со своите фанови сподели дека е верена со човек со исто презиме како нејзиното, Миленко Костов.

Во описот на фотографијата пишува: „Едно јаболко на ден, те чува подалеку од докторот.. или чекај.. упс“, по што стана јасно дека партнерот на Миа е доктор.

Но, набрзо потоа Миа стави крај на таа врска.
Судејќи според нејзините фотографии и видеа на социјалните мрежи, Миа има нова љубов.

ФОТО: Миа Костова / Инстаграм

Младата Тијана Секулиќ е постојано со водителката, а нивните фотографии привлекуваат големо внимание.
„Многу време поминуваме заедно, ми стана преблизок пријател за многу кратко време и покрај тоа што е релативно многу млада. После една сериозна емотивна агонија од пет години, ми покажа дека има и друга страна целата приказна. Можам да кажам дека е човек кој ме крена од мртвите. Во момент кога се појави Тијана ми даде една друга слика на целата приказна, не емотивна, но слика која направи да видам која сум јас. Тијана само ми го покажа патот кој сум знаела дека го имам за себе и мислам дека ѝ должам живот. Таа ми е буквално „Life changer“ и покрај тоа што е многу многу помала од мене“, изјави Миа за „Женски магазин“.

ФОТО: Миа Костова / Инстаграм

Изгледа дека тие две повеќе не ја кријат љубовта, па водителката сподели нивна заедничка фотографија на која е доловена страста помеѓу нив.
Прегрнати, во романтична атмосфера и чаша вино…

ФОТО: Миа Костова / Инстаграм

Во опис на фотографијата водителката напиша:
„Љубов. Никогаш никој да не ви каже кого да сакате, колку да сакате и дали треба да сакате и колку тоа треба да трае. Да уживате во сѐ што ве прави среќни затоа што животот е краток а и времето кое го поминувате во смеење не е секој ден.
По сите случувања периодов, имам желба да се извинам за импулсивноста и начинот на кој го правам тоа со надеж дека ќе се променам и со надеж дека многу работи ќе се променат за да немам прилика да си ја тестирам импулсивноста.
Ви благодарам за сѐ !!!

Живели и да се сакаме, од денес и во иднина, тоа не значи дека ќе дискутираме за розеви теми туку дека ќе ги зборуваме многу поинаку.

Што и да славите нека е живели“.

ФОТО: Миа Костова / Инстаграм

Преку фотографијата на која таа и Тијана позираат во слични тренерки, водителката уште еднаш потврди дека Тијана е многу важна личност во нејзиниот живот.
„За мојата една, таа една што ме држи жива што и да се случи“, напиша Костова.

ФОТО: Миа Костова / Инстаграм

 

ФОТО: Миа Костова / Инстаграм
ФОТО: Миа Костова / Инстаграм
ФОТО: Миа Костова / Инстаграм
ФОТО: Миа Костова / Инстаграм
ФОТО: Миа Костова / Инстаграм
ФОТО: Миа Костова / Инстаграм
ФОТО: Миа Костова / Инстаграм
ФОТО: Миа Костова / Инстаграм
ФОТО: Миа Костова / Инстаграм
ФОТО: Миа Костова / Инстаграм
ФОТО: Миа Костова / Инстаграм
ФОТО: Миа Костова / Инстаграм
ФОТО: Миа Костова / Инстаграм

Поврзано

Back to top button