ВОДИТЕЛКАТА ДРАКЧЕ СКРШЕНА ОД БОЛКА КОГА ДОЗНА ЗА НЕГОВАТА СМРТ – цела естрада во солзи (фото)
Тажна вест за младиот пејач кој почина по кратко боледување
Колегите се зборугаат од познатиот фолк-пејач
Познатиот македонски фолк-пејач Далибор Даки Ѓошиќ почина по кратко и тешко боледување на 41-годишна возраст.
Тажната вест ја објавија неговите колеги од ансамблот „Танец“ каде што Даки работеше како солист од 2007 година.
Тие преку нивната официјална Фејсбук страница изразија длабоко сочувство до неговиот малолетен син Стефан и до неговото семејство.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Далибор во својата кариера има соработувано со бројни музичари кои сега се збогуваат од него не верувајќи во тажната вест.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Од пејачот се збогуваше и водителката Драгица Стефковска Дракче која на својот профил на Фејсбук напиша:
„Во шок и неверување сум … Патувај во вечноста Далибор Даки Ѓошиќ, песните ќе останат вечен спомен“.
Фото: Фејсбук/ Драгица Стефковска Дракче
Познатата водителка сподели и неколку заеднички фотографии, а под нив многумина изразија сочувство.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Од Далибор се зборуваше и неговата колешка Елена Јовческа со која пејачот имаше снимено дует.
„Почивај во мир Далибор“, напиша кратко таа и ја сподели нивната заедничка песна на социјалните мрежи.
Фото: Фејсбук/ Анита Даева
Скршена од болка е и водителката Анита Даева која сподели црно-бела фотографија со Даки и напиша:
„Даки , златен ти , кај и да си патувај и пеј… Онаа нашата најсилно“ напиша Анита на својот профил на Фејсбук.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Потсетуваме, Далибор Даки Ѓошиќ е роден во 1982 годна и целиот свој животен и професионален пат го помина во својот роден град.
Покрај тоа што настапуваше како солист со НУ Танец, тој остави и голем број песни зад себе, како композитор и како пејач, а една од нив е и „Животе мој“ која беше една од неговите најпознати песни.
Станува збор за песна која Далибор првично ја изведе на Роса фест во 2014 година, а по неколку години сними и спот за неа во кој се појавува и неговиот син.
Повеќе за ова прочитајте тука >>