Реклама
Холивуд

„Вовед во анатомија“ и други серии донираа медицинска опрема во болниците каде е најмногу потребна

Реклама

Лекарите и здравствените работници ширум Америка не беа подготвени за коронавирусот, па им недостасуваше многу опрема.

Сериите како што се „Вовед во анатомија“ и „Специјализант“ одлучија во овие тешки времиња сиот вишок од медицинска опрема да ја донираат во локалните болници.

Опремата од сетот на серијата 2Специјализант“ е донирана на локалната болница во Атланта. Ревматологот Карен Лов објави фотографија од донацијата на социјалните мрежи.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/B94v9ANlRvP/

Медиумска куќа Еј Би Си изјави дека серијата „Станица 19“ донирала свои Н95 маски на локалната противпожарна станица. Тие на сетот имале нешто повеќе од 300 маски и со задоволство им ги предадоа на професионалците на кои им се потребни во вакви ситуации.

Маркетинг

Од сетот на „Вовед во анатомија“ донирано е големо количество заштитна опрема, вклучувајќи и ракавици и заштитни одела и маски, пренесуваат странските медиуми.

Серијата „Њу Амстердам“ и „Добриот доктор“ исто така медицинскиот материјал го донираа во локалните болници.

Поврзано

Back to top button